Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

Од:

„Криминалните партии и за оваа кампања и избори се прават како и до сега – ветуваат ридови и долини, лажат и манипулираат – демек меѓу себе се критикуваат и расправаат, а од позадина се договараат и прават се исто – како и до сега! Сакаат пак да ни ги исперат мозоците, да ни ги изманипулираат емоциите, пак да гласаме за нив и пак исто да владеат и да не крадат – како и до сега!“, соопштија од партијата Демократи.

„Нема никаква разлика од порано:
– СДС ќе не внесува во ЕУ, ама ќе си мести тендери и ќе ги краде европските пари – како и до сега!
– ДРПНЕ ќе не брани од лошите бугари, и ќе не одбрани како што не одбрани од лошите грци, од промената на името Македонија, од терористите 2001 г, од територијалната прераспределба… И ќе си краде, пере и рекетира буџетски пари од општините и од буџетот – како и до сега!
– ДУИ ќе се бори за правата на албанците во Македонија и регионот, на штета на државните интереси и буџетот, ќе се бори за што повеќе институции да водат албанци и ќе си местат тендери и перат пари, а државата ќе пропаѓа и албанците ќе се иселуваат – како и до сега!
– И сите тие ќе си прават затворени изборни листи и ќе ги рангираат кандидатите според спремноста да крадат за партијата и да ги чуваат криминалните партиски тајни, нема да дозволуваат да се промени изборниот закон и да се воведат отворените листи, и ќе си ги прават истите изборни измами и криминали – како и до сега!

Епа нема веќе да биде како до сега – доаѓаме ние ДЕМОКРАТИ, и правиме политичка револуција!

На овие избори ние граѓаните имаме можност и опција да гласаме за партија која ја разбива оваа политичка мафија, овие крвници и душмани на граѓаните и државата – и затоа сега сите ќе гласаме за ДЕМОКРАТИ!

Ние ДЕМОКРАТИ, заедно со граѓаните, сме хероите на денешното време – бидејќи само ние се бориме за итно воведување на отворените изборни листи, и со нив за враќање на државата и власта на граѓаните!

Ние ДЕМОКРАТИ не се плашиме од заканите на политичките криминалци, и со граѓаните херојски ќе одолееме на сите притисоци, манипулации, закани и уцени.

На избори, смело и одлучно, сите граѓани гласаме за себе, за нашите семејства и деца, за Македонија, за иднината – и за 16 ДЕМОКРАТИ!

И така по изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега, ќе ги сузбиеме криминалот и корупцијата, ќе се почитуваат и спроведуваат законите, и со ДЕМОКРАТИ и отворените листи – на сите во Македонија незапирливо ќе ни тргне на подобро!“ порача партијата Демократи.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов