„Република“: На бродот „Коста Конкордија“ имало голема пратка кокаин на мафијата Ндрангета

Од:

Италијанскиот крузер „Коста Конкордија“, што претрпе бродска несреќа во 2012 година, превезувал голема пратка кокаин на мафијата Ндрангета, пишува весникот „Република“, цитиран од ТАСС.

Весникот добил снимка на разговор меѓу членови на Ндрангета, од која станува јасно дека член на екипажот помогнал наркотикот да биде сместен на бродот.

„Криминалниот товар не бил откриен по несреќата на бродот“, додава „Република“.

Мафијашите ги искористуваат луксузните бродови на компаниите „Норвиџиан круиз лајнс“ и „МСЦ Круизиз“, што пловат меѓу Европа, Северна Америка и Карибите, за да пренесуват наркотици, пишува весникот.

„Коста Конкордија“ пловаше во Средоземно Море со 4.200 патници и членови на екипажот, кога на 13. јануари 2012. година се удри во подводна карпа во близина на островот Џилио. Во несреќата загинаа 32 лица, напоменува ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ

Сопругот на италијанската европратеничка е пронајден мртов во автомобилот

Предраг Петровиќ

Драма во Палермо: Tатко ги избодел сопругата и двете деца, а потоа се забарикадирал во куќата

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани