Следните десет години несомнено ќе бидат „решавачка деценија“ за слободата на медиумите, предупреди „Репортери без граници“ (РСФ) во својот годишен извештај за глобалната слобода на медиумите за 2020 година.
„Епидемијата е можност за најлошо рангираните земји да спроведат „стратегија за шок“, цитирана од Наоми Клајн: искористување на слаба јавна контрола и ослабување на мобилизацијата на луѓето за наметнување мерки што не би било можно да се наметнат во нормални времиња“, предупредува Кристоф Делоар, генералниот секретар на РСФ.
Таков е случајот со Кина, која се наоѓа на 177-то место и Иран, рангиран на 173-то место од 180 рангирани земји, според Индексот за слобода на медиуми, но и Унгарија (89-та), во која премиерот донесе закон за „коронавирус“ со казни до пет години затвор за ширење лажни вести.
„Што е со слободата, плурализмот и веродостојноста на информациите во 2030 година“, се прашува Делоар.
На ранг листата во 2020 година, рангирајќи 180 земји, индексот за слобода на медиуми изгледа генерално подобар во изминатата година, но без да се земат предвид епидемијата и нејзините последици врз слободата на медиумите.