„Репортери без граници“ деблокираа цензурирани интернет страници

Од:

По повод Светскиот ден против цензура на Интернет, кој се одбележува на 12 март, „Репортери без граници“ започнаа операција „Колатерална слобода“ и деблокираа девет цензурирани информативни веб страници во 12 земји, кои оваа организација ги прогласи за „непријатели на интернетот“.

„Репортери без граници“ секоја година во својот извештај ги наведуваат земјите кои цензурираат веб страници и не му дозволуваат на своето население информации од независни извори. Во овие репресивни режими се вбројуваат Кина, Иран, Виетнам, Узбекистан, Туркменистан, Куба и Саудиска Арабија.

Со цел борба против цензура на интернетот, „Репортери без граници“ одлучиле да деблокираат девет информативни сајта во 12 држави, што значи дека луѓето ќе можат да им пристапат од териториите на кои се забранети, соопшти невладината организација.

Меѓу овие сајтови се Grani.ru кој е блокиран во Русија, Fregananews цензуриран во Казахстан, Узбекистан и Туркеменистан, Tibet Post и Mingjing News кои се забранети во Кина, Dan Lam Bao блокиран во Виетнам, Hablemos Press цензуриран на Куба, Gooya News во Иран, El Gulf Center for Human Rights цензуриран во Обединетите Арапски Емирати, како и Bahrein miror забранет во Бахреин и Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on