Ренци: Затворањето на границите нема да даде резултат, терористите веќе се тука

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци упати критика до оние кои повикуваат на затворање на границите како одговор на терористичките напади во Брисел и предупреди дека заканата веќе е во Европа, јави ДПА.

– Оние кои денеска се залажуваат себеси, извикувајќи „Да ги затвориме границите“, не се свесни или не го знаат фактот дека во многу случаи нашите непријатели се веќе во нашите градови, посочи Ренци.

– Непријателот не е само далеку од нас, непријателот се крие и во срцето на европските градови, во предградијата на нашите главни градови, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески