Ренци незадоволен од Самитот на ЕУ одби прес со Меркел и Оланд

Од:

Италијанскиот премиер Матео Ренци не сакаше синоќа да присуствува на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, по самитот на ЕУ во Братислава, бидејќи, како што истакна, не ги поддржува нивните заклучоци.

Како што јавија италијанските медиуми, Ренци објасни дека на Самитот немало напредок за прашањето за миграциската криза и дека „не е задоволен со заклучоците донесени за економскиот раст и миграцијата поради што не можел да учествува на прес-конференција заедно со Оланд и Меркел“.

– Самитот не беше изгубено време, но за денешните документи за миграцијата да се опишат како чекор напред е потребна мечта, нагласи Ренци.

Според него, постигат е минимален напредок, но ЕУ се уште е далеку од решавањето на проблемите по Брегзитот.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески