Ренци: Не може да градиме нови ѕидови во Европа

Од:

Не може да градиме нови ѕидови во Европа. Тие се градат за потоа да се уриваат. Ѕидовите не се заштита, туку стапица, изјави италијанскиот премиер Матео Ренци во интервју за германскиот весник „Велт“.

– Проблемот со мигрантите треба да го решиме заедно во Европа и да имаме предвид дека тој ќе продолжи долги години, предупреди Ренци.

Тој повика да не се крева тревога поради миграциската криза, туку да се задржи спокојство и разум, бидејќи „имаме потреба од долгорочна стратегија за мигрантите“.

Ренци, исто така, изрази загриженост од однесувањето на некои нови земји-членки на ЕУ во врска со миграциската криза и распределбата на бегалците во Европа.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага