Рекордна миграција во Велика Британија

Од:

Во Велика Британија оваа година е регистрирана рекордно висока имиграција и покрај бројните мерки на Владата за ограничување и блокирање на приливот на странци, покажуваат најновите податоци.

До октомври годинава во Велика Британија биле регистрирани 336.000 имигранти. Од оваа цифра е одземен бројот на оние кои во меѓувреме ја напуштиле земјата.

Според анализите на британските експерти, станува збор за највискиот број имигранти досега, што е далеку повеќе од определбите на владата во Лондон имиграцијата да се сведе на нивото од времето на поранешната премиерка Маргарет Тачер, кога „нето“ имиграцијата изнесуваше околу 120 илјади доселеници.

Британските медиуми забележуваат дека само во периодот од една година во Велика Британија се доселиле нови 82.000 странци, што, според таблоидот „Сан“, е висока бројка, споредена со цифрата до колку треба да се намали и изнесува постојаниот состав на целата британска армија.

Евроскептичните и антиимиграциските весници ги користат најновите податоци за состојбата со имиграцијата за засилена кампања протов останувањето на Велика Британија во ЕУ и за уште поостри мерки против имигрантите.

Бројката од преку 330.000 мигранти се однесува само на економската имиграција од земјите-членки на ЕУ, од оние кои не се дел од Унијата, како и од државите на Комонвелтот, некогашни британски колонии.

Велика Британија одбива да прими Сиријци или Ирачани од квотата што ја определи Европската комисија (ЕК) за разместување на приситгнатите имигранти и за полесно надминување на актуелната бегалска криза во Европа.

Првите 200 бегалци од Сирија пристигнаа во Глазгов, а до крајот на оваа година, британската влада планира да пристигнат најмногу до илјада лица од бегалските кампови во земјите соседи на Сирија.

Од таму проблем за Велика Британија не се бегалците, туку економските мигранти, а за евроскептиците, тоа се луѓе од земјите членки на ЕУ од Источна Европа.

Владата во Лондон смета дека поголемиот дел од нив доаѓаат не толку за да работат, туку користејќи ги правилата на ЕУ за слободното движење на работната сила низ Унијата, ја одбираат Велика Британија за да ги користат нејзините богати социјални бенифиции.

Евроскептичниот „Дејли Меил“ забележува дека ако нешто ги натера Британците да ја напуштат ЕУ, тоа ќе биде напливот на мигрантите.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море