Река во Кина загадена со опасни хемикалии

Од:

Кинеските власти им препорачаа на жителите долж реката Хеџианг на југот од Кина, да не ја користат речната вода, бидејќи во неа се откриени големи количества на две отровни хемикали.

Предупредувањето уследи откако во водата на реката, која меѓу остатантото се користи и за пиење, биле забележани угинати риби. При поверката на водата било утврдено присуство на талиум и кадмиум.

Во предупредувањето, жителите на округиот Фенгкаи се советуваат да не ја користат водата за никакви потреби, како и да не конзумираат риби од реката.

Талиумот е екстремно отровна супстанца, а кадмиумот е еден од најштетните загадувачи на животната средина.

Засега нема информации како овие хемикалии се нашле во водите на реката Хеџианг, која е главна притока на Сиџианг од која со вода за пиење се снабдуваат жителите на повеќе градови во јужна Кина, меѓукои и на Макао и Џухаи.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија