Регистриран првиот смртен случај по каснување од морска змија во Австралија

Од:

Британски државјанин починал откако бил каснат од морска змија додека од својот чамец ловел риби во Австралија, објави локалната полиција.

Младиот 22-годишник змијата го каснала во четвртокот наутро, околу 9 часот по локално време, во моменти кога ја извлекувал мрежата од морето. Тој ловел риби во близина на островот Грут Ејланд, покрај брегот на Северната територија на Австралија.

Службата за итни случаи брзо пристигнала на местото на несреќата, но лекарите не успеале да го спасат момчето.

Ова се чини дека е првата регистрирана смрт од каснување на морска змија во Австралија, пренесува Би-би-си.

Телото на младото момче било предадено на аутопсија во блискиот град во текот на истиот ден, соопшти полицијата на Северната Територија.

Засега нема информации за видот на морската змија. Морските змии се сметаат за многу отровни, но тие ретко доаѓаат во контакт со луѓето, поради што нема многу случаи на каснување, информира Би-би-си.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча