Во периодот од 10 до 14 септември се одржува 62 Регионално собрание на Светската здравствена организација за Европ, а во вторникот на дневниот ред пред министрите за здравје на 53 земји членки е усвојувањето на долгорочната Стратегија за здравје и благосостојба на граѓаните на Европскиот регион
Македонија од самиот почеток силно го поддржува усвојувањето на новата Стратегија за здравје за Европа 2020 и директно придонесуваше во нејзината подготовка. Усвојувањето на оваа стратегија ќе биде голем успех за земјите членки чија што имплементација во наредната деценија треба да ги оствари посакуваните цели за продолжување на животниот век, намалување на нееднаквостите во здравјето, подобрување на благосостојбата, и подобро здравје на сите граѓани на Европскиот регион.
Почетните дискусии за оваа стратегија се одвиваа во Охрид во ноември 2009 година кога во улога на претседавачи бевме домаќини на Постојниот комитет на СЗО за Европа. Тогаш за прв пат регионалниот директор Сузана Јакаб ја претстави својата визија за здравјето на граѓаните на Европа, нарекувајќи ја Охридска визија за здравје 2020
Во изминатите десетина години Република Македонија има важен придонес во работата на СЗО за Европа. Македонија беше иницијатор за формирање на регионална Здравствена мрежа на југоисточна Европа. Во 2005 година во Скопје бевме домаќини на состанокот каде се потпиша договор за прекугранична соработка и развој на здравјето во југоисточна Европа помеѓу министрите за здравство. Во 2007 година како резултат на нашиот ангажман, интерес и посветеност како држава за прв пат станавме членови на Постојниот Комитет (управното тело) на СЗО. Во 2010 бевме претседавачи со јубилејното 60 Регионално Собрание кое се одржа во Москва. Нашиот активен експертски ангажман и посветеност во работата на СЗО за Европа ќе продолжи и во иднина.