Реган и се извинувал на Тачер поради инвазијата на Гренада

Од:

По инвазијата на американските сили на Гренада во 1983 година, извршена без претходно да биде информиран официјален Лондон, поранешниот претседател на САД Роналд Реган телефонски и се јавил на британската премиерка Маргарет Тачер и и се извинил, покажуваат тајните записи на Белата куќа.

Тачер била многу бесна поради американската инвазија на карипската островска држава, која е членка на Комонвелтот и чиј суверен е британската кралица. Целта на инвазијата била соборување на новите комунисички власти на Гренада.

Според британскиот печат, бесот на Тачер бил уште поголем поради тоа што инвазијата била извршена само еден ден откако тогашниот шеф на британската дипломатија Џефри Хау пред пратетниците во Парламнетот во Лондон изјавил дека нема никакви информации за евентуална американска интервенција.

Реган телефонски ја повикал Тачер набрзо по стартот на инвазијата, со цел да и се извини што не ја информирал за акцијата. – Жал ми што се посрамотивте поради наша вина, и порачал Реган на Тачер.

Тој притоа и рекол дека не ја информирал навреме затоа што стравувале од „протекување на информации“, што би можело да ја загрози операцијата на американските трупи.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас