Реформи во СЗО поради несоодветното реагирање на еболата

Од:

Неколку десетици земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) ја прифатија резолуцијата со која се предвидуваат реформи во организацијата, по острите критики добиени поради несоодветните реакции на епидемијата на ебола во Западна Африка.

– СЗО која ја имаме, не е СЗО која ни е потребна, изјави Том Фриден, директор на американскиот Центар за контрола и превенција од болести, нагласувајќи дека одлуките во организацијата често пати се донесувани од политички, а не од научни причини.

Генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан призна дека оваа организација „премногу бавно го увидела значењето на епидемијата“, која однесе повеќе од 8.600 животи, главно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Лоренс Гостин, директор на Соработничкиот центар на СЗО за правна регулатива во областа на јавното здравство и човековите права, истакна дека еболата ги открила сите „вродени недостатоци“ на СЗО и дека меѓународната заедница увидела како е кога оваа организација не е во состојба да раководи со ситуацијата.

Со резолуцијата, усвоена од извршниот одбор на СЗО, меѓу другото, се предвидува и создавање на фонд за итни ситуации, со кој ќе се одговори на здравствените кризи во светот. Исто така, предвидено е и формирање резервен тим на здравствени работници, обучени за борба против епидемии.

Би можело да ве интересира

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски