Референдумот за независност на Шкотска може да предизвика нови сепаратистички тензии во регионот на Западниот Балкан, изјави британскиот надворешно-политички аналитичар Џејсм Кер-Линдзи.
Според него, некои луѓе во регионот на Западен Балкан поттикнати од шкотскиот референдум за независнот би можеле да запрашат: „ако Шкотланѓаните имаат право на независност, зошто да немаме и ние“.
– Тоа ќе биде вистински тест за националните влади, нагласи Кер-Линдзи, нагласувајќи дека Европа важи за континент каде се почитува демократијата, па затоа би било неумесно ако европските држави им го ограничат правото на своите граѓани да се изјаснат за својата иднина.