Референдум за независност на Каталонија во 2014 година

Од:

Двете каталонски сепаратистички партии постигнаа договор за организирање референдум за независност на Каталонија во 2014 година.

Договорот го постигнале премиерот на Каталонија Артур Мас од “ЦИУ” и нешто порадикалната партија “ЕРЦ” која ќе придонесе Артур Мас да направи нова влада и така да продолжи да владее со тој регион.

Портпаролите на двете партии соопштија дека е договорено референдумот да се распише во текот на 2014 година, а може да биде одложен само во случај на виша сила.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој и неговата влада остро се противат на референдумот за независност и најави дека одлуката ќе ја оспорат пред Уставниот суд.

Централната власт во Шпанија предупредува дека отцепувањето би било нелегално и би можело да доведе до граѓанска војна.

Каталонија на Мадрид годишно му плаќа околу 16 милијарди евра данок, многу повеќе од сумата која ја добива за возврат.

Каталонија е Шпанска автономна заедница, која е призната како држава и заштитена од Шпанскиот Устав. Најголем град е Барселона.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски