Референдум во Данска за прифаќање на правосудните и полициски закони на ЕУ

Од:

Гласачите во Данска денеска се изјаснуваат на референдум за тоа дали земјата да ги прифаќа законите на ЕУ, за регулирање на правосудниот и полицискиот систем во земјите на Унијата, за сметка на откажувањето на дел од национаното законодавство.

Данската центро-десничарска влада и опозицијата, заговараат Данска да префрли дел од своите овластувања на Брисел, во овој дел од правниот сектор.

Приврзаниците на кампањата „Да“ сметаат дека отфрлањето на предлогот на владата би значело дека Данска ќе го загуби своето членство во Европол, криминалистичката агенција на ЕУ, која во идната година ќе биде трансформирана.

Антиимигрантската Народна партија, која ја предводи „Не“ кампањата ги повикуваше гласачите да не го прифатат она што им го нуди владата, за да не се дозволи Брисел уште повеќе да се меша во данските работи.

Оваа партија ги плаши гласачите дека подоцна ЕУ ќе бара да се меша и во имигрантската политика, иако таа не е опфатена со референдумското изјаснување.

Референдумот се толкува и како тест за подготвеност на Данците да прифатат погелема интеграција во рамките на Унијата до 28 земји-членки.

Изјаснувањето на данските гласачи се одвива во сенка на терористичките напади во Париз од 13 ноември, во кои џихадистите убија 130 лица.

Владата и активистите на кампањата „Да“ тврдат дека Данска не би можела да се справи со меѓународниот тероризам и со бегалските кризи, без потесната соработка со ЕУ.

Во 1992 година, Данците одбија да се приклучат во Шенген зоната, а во 2000 гласаа против прифаќањето на еврото.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген