Шансите за постигнување договор меѓу меѓународната шесторка држави и Иран за иранската нуклеарна програма се речиси никакви за време на преговорите, кои се водат во Виена, јави ТАСС, повикувајќи се на западен дипломатски претставник.
– Шанси речиси и да нема, изјави дипломатски претставник.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за тоа какви чекори можат да бидат преземени за да се даде поттик кон постигнување на договор на преговорите.
Лавров, исто така, разговарал и со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф за можностите за надминување на несогласувањата меѓу Иран и шесторката.