Речиси 550 ресторани и кафулиња затворени во Техеран поради непочитување „исламскиот морал“

Од:

Речиси 550 ресторани и кафулиња се затворени во Техеран поради непочитување на „исламскиот морал“, соопшти полицијата во главниот град на Иран.

-Приведени се 11 лица, сопственици на такви локали. Затворени се вкупно 547 ресторанти и кафулиња, соопшти началникот на полицијата во Техеран, Хосеин Рахими.

Акциите биле извршени во изминатите 10 денови во операции против правила за реклами на интернет, незаконска музика и поттикнување разврат.

– Полицијата постојано е будна и се грижи почитување на исламските правила и тоа е една од нејзините најважни мисии, рече генерал Рахими.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел