Реакции поради новото кршење на ново кршење на нуклеарниот договор

Од:

Во присуство на инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска во нуклеарна постројка Фордо почна да се вбризгува ураниумски гас во центрифугите. Тоа е четврти чекор на Техеран за намалување на почитувањето на обврските од нуклеарниот договор потпишан со светските сили во 2015 година.

Најновите активности во Фордо наидоа на осуда од Израел, Франција и Русија.

Израелскиот премиер во заминување Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел никогаш нема да му дозволи на Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

– Никогаш нема да дозволиме Иран да развива нуклеарно оружје. Ова не е само за нашата безбедност и нашата иднина, тоа е за иднината на Блискиот исток и светот, посочи Нетанјаху.

Додека францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека со денешниот чекор, Иран првпат ја навестува намерата да се откаже од Мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма (ЈЦПОА).

– Мислам дека Иран првпат одлучи на експлицитен и отворен начин да се повлече од ЈЦПОА, што значи голема промена, посочи Макрон.

Во меѓувреме шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го повика Иран да ги исполни условите од ЈЦПОА, при тоа обвинувајќи САД кои минатата година се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции кон Техеран.

– Тоа што се случува со нуклеарниот договор е крајно алармантно, посочи Лавров.

Tаквиот потег за вбризгување ураниумски гас во 1.044 центрифуги, вчера го најави иранскиот претседател Хасан Рохани порачувајќи дека сите чекори на Иран кон намалување на почитувањето на обврските од договорот би можеле да бидат повлечени и оти Техеран ќе им се вратат на своите обврски кога тоа ќе го направат и останатите потписници.

Шефот на иранската Организацијата за атомска енергија Али Акбар Салехи претходно изјави дека Иран работи на прототип на центрифуга која е 50 пати побрза од дозволеното со нуклеарниот договор со светските сили.

Салехи истакна дека името на прототипот е ИР-9 и ќе биде 50 пати побрз од првата генерација ИР-1с, што беше дозволен со Договорот од 2015 година.

Тој наведе дека Техеран користи напредна центрифуга 60 ИР-6 што може да произведе збогатен ураниум десетпати побрзо од првата генерација центрифуги ИР-1с.

Според нуклеарниот договор Иран има право да произведува збогатен ураниум само со посредство на 5.060 центрифуги од правата генерација ИР-1.

Иран веќе ги прекрши ограничувањата за резервите и збогатувањето ураниум во обид со цел да изврши притисок врз Европа да предложи нов договор, повеќе од една година откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Договорот.

Во 2015 година, САД, Кина, Русија, Франција, Велика Британија и Германија со Иран потпишаа акциски план кој предвидуваше, меѓу другото, нуклеарно разоружување на Техеран, во замена за постепено укинување на санкциите врз земјата. Но, администрацијата на Доналд Трамп минатата година одлучи да се повлече од мултилатералниот договор и повторно воведе санкции кон Иран.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз