Во Саудиска Арабија денеска се егзекутирани 47 луѓе осудени за тероризам, вклучително и истакнатиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр. Неговото погубување предизвика жестоки реакции во Иран, во Ирак, во Јемен, во Бахреин и во други земји од регионот.
Поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики оцени дека погубувањето на „реномираниот свештеник“ ќе го обележи крајот на Владата во Саудиска Арабија.
– Остро ги осудуваме таквите гнасни секташки пракси и сметаме дека погубувањето на свештеникот ал Нимр ќе го урне саудискиот режим како и погубувањето на маченикот (Мухамед Бакир) ал Садра Садам (Хусеин), изјави Малики алудирајќи на истакнатиот шиитски свештеник убиен во 1980 година,
Ирачкиот свештеник Моктада ал Садр повика на демонстрации во Ирак и во земјите од Персискиот Залив поради егзекуцијата на ал Нимра.
– Барам шиитите во Саудиска Арабија да покажат храброст во својот одговор дури и по пат на мирни демонстрации, како и шиитите во Персискиот Залив, да ги сопрат неправдата и тероризмот на владите во иднина, посочи ал Садр.
Хезболах погубувањето на ал Нимр го оцени како убиство.
– Правата причина за убиството на ал Нимр е таа што тој се бореше за правата на угнетените, се наведува во соопштението на Хезболах.