Разузнавањето на САД со песимистички став за безбедноста во Авганистан

Од:

Националниот координатор на разузнавањето на САД, Дан Коутс изрази силен песимизам за развојот на ситуацијата во Авганистан во момент, кога Белата куќа размислува за испраќање дополнителни воени сили во земјата.

– Политичката ситуација и ситуацијата со безбедноста во Авганистан речиси сигурно ќе се влошуваат во целата 2018 година, дури и при скромно зголемување на воената помош на САД и нивните партнери од НАТО, изјави Коутс пред Конгресот.

– Талибанците веројатно ќе продолжат да освојуваат територии, особено во селските региони. Перформансите на авганистанските сили за безбедност веројатно ќе се влошуваат поради операциите на талибанците, човечките загуби во битките, дезертерството, слабата логистика и пропустите во командувањето, додаде тој.

Националниот координатор на американското разузнавање смета дека Авганистан е во мошне тешка економска положба и ќе му биде тешко да ја намали зависноста од воената помош, освен ако успее да го ограничи бунтот на талибанците или да склучи мировна спогодба.

Би можело да ве интересира

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа