Размена на заложници: Ослободен е Алон Охел

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека Црвениот крст ги информирал дека зеле седум заложници од Хамас во Газа, вклучувајќи го и израелско-српскиот затвореник Алон Охел, објави „Тајмс оф Израел“.

Охел присуствувал на музичкиот фестивал „Нова“ на 7 октомври 2023 година, во близина на Ремс, кога терористите на Хамас го нападнале Израел.

Неговото семејство откри во април дека добиле информации од ослободените заложници дека Охел сега е слеп на едното око.

Имињата на другите шест ослободени се Матан Ангрест, браќата Гали и Зив Берман, Еитан Мор, Омри Миран и Гај Гилбоа-Далал.

Останатите 13 живи заложници ќе бидат ослободени подоцна од различни делови на Газа.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено

Нетанјаху: Израел не планира превентивен напад врз Иран, но ќе одговори ако биде нападнат

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“