Различни проценки од Пентагон: Министерот вели „ги уништивме објектите“, но генералот не е толку сигурен

Од:

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон по нападот на Соединетите Американски Држави врз Иран, за време на која министерот и генералот не ги оценија последиците од нивниот напад врз нуклеарните објекти на ист начин.

Министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека американскиот напад бил „моќен и прецизен“ и ги повтори тврдењата на претседателот Доналд Трамп дека тие „ја уништиле нуклеарната програма“ на Иран, како и дека нуклеарните амбиции на Иран се уништени.

„Ја уништивме нуклеарната програма на Иран, но вреди да се напомене дека операцијата не беше насочена кон иранските трупи или иранскиот народ“, рече Хегсет.

Сепак, претседателот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, генерал Џон Кејн, употреби многу помеки зборови, наведувајќи дека нуклеарниот капацитет на Иран е „значително намален“.

И двајцата го пофалија претседателот Доналд Трамп за одлуката да ја преземе оваа акција, како и воените сили кои, како што велат, успешно извршија напад што ниедна друга земја не можеше да го изврши.

„Операцијата што ја планираше претседателот Трамп беше храбра и брилијантна. Кога овој претседател зборува, светот треба да слуша, а ние можеме да го поддржиме со американската војска“, беа зборовите на Хегсет, кој го пофали Трамп во текот на целиот говор.

Би можело да ве интересира

Дрон ја погоди американската амбасада во Багдад

Иран: Заробивме американски шпиони

Сар: Израел веќе ја доби војната со Иран

Израел: Убивме ирански министер

Какви бомби користеа Американците за напад кај Ормутскиот тесенц

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило