Разговор Ердоган-Путин: Турција ќе продолжи со напорите за траен мир меѓу Русија и Украина

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин истакна дека Турција ќе продолжи да вложува напори колку што е можно, за воспоставување траен мир меѓу Русија и Украина, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Директоратот за комуникации на Република Турција е наведено дека Ердоган разговарал со Путин за последните случувања во руско-украинската војна и односите на Турција и Русија.

Според Анадолија, Ердоган рекол дека е во сечиј интерес да биде продолжен позитивниот замав постигнат во преговорите во Истанбул, со цел отворање на патот што води кон мирот.

Тој се осврна и на значењето на ефикасните хуманитарни коридори и безбедни евакуации. Истакна дека Турција ќе продолжи да вложува напори колку што е во можност за воспоставување траен мир и запирање на текот што на сите им нанесува штета.

Ердоган го повтори предлогот процесот од Истанбул, кој е значаен чекор во преговорите помеѓу Русија и Украина, да биде подигнат на ниво на лидери.

Разговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул на 29 март се сметаа за пробив во напорите за запирање на инвазијата што почна на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

Трамп им наложи на своите соработници да договорат телефонски разговор со рускиот претседател Путин

Путин: Спремни сме за разговори со Трамп за војната во Украина

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската