Расте бројот на загинати во нападот врз центарот за мигранти во Триполи

Од:

Најмалку 60 луѓе загинаа во воздушниот напад врз центарот за мигранти во либискиот главен град Триполи, јави Ал Џезеира.

Мисијата на ОН во Либија претходно соопшти дека во нападот загинале најмалку 44 луѓе, а 130 биле ранети.

Според претставник на центарот, нападот бил извршен од силите на Халифа Хатар кои од пред три месеци се обидуваат да го заземат Триполи.

Пратеникот на ОН за Либија Гасан саламе го осуди нападот, за кој рече дека „достигнува ниво на воено злосторство“.

По нападот, УНХЦР побара мигрантите, кои се обидуваат да го преминат Медитеранот, повеќе да не се враќаат во Либија.

Во Триполи е базирана меѓународно признатата влада на национално единство на премиерот Фаез Сараџ. Во момент на нападот во центарот имало над 120 мигранти.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е огорчен поради воздушниот напад врз центар за мигранти во либискиот главен град Триполи во кој загинаа десетици мигранти и бегалци, и повика на итна независна истрага, изјави неговиот портпарол.

Гутереш исто така забележа дека точни координати на центарот за мигранти биле доставени на завојувани страни, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујариц.

Советот за безбедност на ОН подоцна треба да се состане зад затворени врати во врска со нападот во Либија, потврдија дипломати во Њујорк.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Приведени двајца криумчари на мигранти

Кичевчанец шверцувал петмина мигранти од Кина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Осомничениот за нападот во Њу Орлеанс е мртов објави Си-Ен-Ен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвава Нова година во Њу Орлеанс: со автомобил влета во толпа луѓе, има мртви

Катерина Ѓуровски