Расте бројот на загинати во цунамито во Индонезија

Од:

Бројот на загинатите во цунамито во Индонезија достигна 281 жртва, повредени се 1.016, а 57 луѓе се водат како исчезнати.

Според локалните медиуми, се очекува овие бројки да се зголемат.

Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Локалните власти соопштија дека се разурнати стотици домови и други објекти.

Цунамито откорнало и голем број дрва кои ги блокираа патиштата, што го отежува пристапот на спасувачките екипи до настраданите.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.

– Ве молиме да не се приближувате до плажите. Оние кои се евакуирани се молат се уште да не се враќаат дома, соопшти Агенцијата.

Раководителот на Одделот за предупредување за земјотреси и цунами при Агенцијата, Рахмат Тријоно призна дека на Индонезија и недостига систем за рано предупредување на опасност од големи бранови при ерупција на вулкани.

– Механизмите за рано предупредување со кои располагаме во моментов, првенствено се однесуваат на тектонски појави, а не на вулкански, изјави Тријоно.

Кон крајот на септември индонезискиот остров Сулавеси го погоди земјотрес со интензитет од 7,5 дстепени според Рихтеровата скала, кој предизвика цунами бранови високи и до седум метри, при што загинаа над 2.200 лица, над 10.000 беа повредени, а над 1.000 прогласени за исчезнати.

По ова властите признаа дека системот за предупредување од цунами на функционира со полн капаците веќе шест години. Според нив, од 2012 година не работи длабинскиот сензор за рана детекција на големи бранови, кој е клечен елемент на системот за предупредување од цунами.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници