Германските власти забележале драматичен раст на баратели на азил од Русија, пренесува весникот „Ди Велт“, според кого позадината на овој тренд треба да се бара во заверата што ја организира рускиот претседател Путин со цел да создаде нестабилност во Германија.
Според весникот, Кремљ стои во позадината на зголемениот број руски државјани коишто бараат статус на бегалци во Германија, меѓу коишто има и голем број припадници на „Салафизмот“ од Кавкаските републики.
„Ди Велт“ цитира безбедносни извори коишто тврдат дека Москва ги отвора вратите за Чеченците коишто можат да го зголемат чувството на несигурност на Германците.
За разлика од портпаролот на Министерството за внатрешни работи кој ги потврдува бројките на руски азиланти објавени во весникот, за портпаролот на германската влада Штефан Зајберт текстот е шпекулација, во што владата не сака да учествува.
Русите сега се петта најголема група баратели на азил по Сиријците, Ирачаните, Авганистанци и Иранци. Над 80 отсто од руските државјавни баратели на азил се Чеченци.