Германија од почетокот на годинава издаде дозволи за извоз на оружје во вредност од 4 милијарди евра

Од:

Германската влада од почетокот на годината издаде одобренија за извоз на оружје во вредност од 4,14 милијарди евра, што е значително зголемување во споредба со лиценците за 2,3 милијарди евра регистрирани во истиот период минатата година, јави ДПА.

Според Министерството за економија, издадени се дозволи за 2,54 милијарди евра за оружје, како што се митралези и тенкови. Останатите дозволи кои се во вредност од 1,6 милијарди евра се за „друга воена опрема“.

Оваа категорија вклучува опрема како што се радари и опрема за радио комуникација.

Во Германија компаниите кои сакаат да извезуваат воени производи треба да побараат дозвола од државата.

Според податоците, голем дел од лиценците – за околу 3,81 милијарди евра – се за снабдување на ЕУ, НАТО и „еквивалент на земјите од НАТО“ како Украина и Јужна Кореја.

Дозволи во вредност од 1,78 милијарди евра се наменети за „големо купување од Холандија во рамките на проектот што се очекува да трае неколку години“, соопшти Министерството.

За одбрана на Украина се издадени лиценци за околу 562 милиони евра, а за извоз во „трети земји“ се добиени овластувања за 337 милиони евра.

Најголем примател на воена опрема од Германија за првата половина од годинава е нејзиниот партнер од ЕУ, Холандија, а потоа следат Украина, САД и Велика Британија.

Извор:МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски