Фестивалот на светлината започна во Берлин

Од:

Традиционалниот фестивал на светлината, кој последните години стана еден од најпрепознатливите настани од културниот живот на германската престолнина Берлин, започна синоќа.

Годинава, светлата ќе го осветлат на еден посебен начин стотина историски згради и конструкции, а манифестацијата ќе трае пет дена подолго отколку претходните години, пренесе Макфакс.

Формално овој фестивал на илуминацијата се состои од два дела, фестивалот кој започна во петокот навечер под мотото „Берлин осветлен”, а следната седмица на него ќе се надоврзе „Фестивалот на светлината, кој ќе се одржи во германската престолнина по деветти пат. Двата настана заедно ќе траат до 20-ти октомври.

Жителите и посетителите на Берлин „во нови бои” ќе можат да ги видат туристичките атракции како Бренденбуршката капија, Телевизиската кула, Триумфалната арка, плоштадот Постдам…. Осветлувањето ќе биде вклучувано секој ден по заоѓањето на Сонцето.

Ќе може да се видат и во блескави различни бои осветлени бродови. Организаторите на фестивалот ветуваат цела серија ласерски шоуа и светлосни инсталации, коишто ќе бидат проследени со музички концерти. Очекуваат дека годинешното издание на Берлинскиот фестивал на светлината ќе го посетат неколку стотини илјади туристи.

Би можело да ве интересира

Во Германија регистриран прв извозен дефицит по повеќе од 30 години

Горан Наумовски

Германија од почетокот на годинава издаде дозволи за извоз на оружје во вредност од 4 милијарди евра

Горан Наумовски

Дали во Германија секој би можел да биде донaтор на органи?

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Расте бројот на руски баратели на азил во Германија

Емир Латифовиќ