Прекинат штрајкот на германските железничари

Од:

Неколкудневниот штрајк на вработните во германската железница „Дојче бан“ беше прекинат доцна попладнево, јави ДПА.

Претставник на синдикатот на железничарите ГДЛ, соопшти дека штрајкувачите се вратиле на своите работни места во 18 часот.

Ова беше шестиот штрајк што го организраа германските железничари поради спорот со раководството на „Дојче бан“ околу висината на платите и продложувањето на работната недела.

Штрајкот според најавите требаше да трае до понеделник претпадне, но синдикатот реши тој да биде прекинат порано.

За време на овој штрајк, патничкиот железнички сообраќај во Германија беше во прекин 64, а товарниот 72 часа.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски