Расте бројот на баратели на азил во Германија

Од:

Бројот на баратели на азил во Германија е зголемен за 71 процент во септември во однос на истиот месец минатата година, објави Министерството за внатрешни работи на федералната република, јави ДПА.

Нивниот број бележи раст од 21 процент во септември на 11.500 лица во однос на август, се наведува во соопштението на министерството. Тоа претставува зголемување од 71 отсто во однос на септември 2012 година.

Повеќето од барателите на азил се од Србија, а потоа следат Сирија, Македонија, Русија и Авганистан.

Вкупниот број барателите на азил во најголемата економија во Европа изнесува 74.000 лица за периодот јануари-септември, што е раст од 85 отсто во однос на истиот период минатата година.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад