Рахој победи на изборите во Шпанија, но не освои мнозинство

Од:

Конзервативната Народна партија (ПП) на актуелниот шпански премиер Маријано Рахој, освои најмногу пратенички места на вчерашните предвремени парламентарни избори во Шпанија, но и повторно не освои мнозинство за самостојно да формира влада.

Народната партија сега има 137 пратеници во 350-члениот Парламент, со што ѝ недостигаат 39 пратенички места за да може да се формира стабилна влада, за што е потребна подршката на најмалку 176 пратеници.

Таквата разврска и на овие избори, одржани само шест месеци по претходните, налага нови преговори за формирање коалициска влада.

Во првата реакција, Рахој истакна дека и покрај ваквите резултати, тој и неговата Народна партија остануваат најбројната и најпопуларната шпанска партија, па затоа, како што рече, има и право и мандат да управува со земјата.

Главниот конкурент на конзервативците, Социјлистичка работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), остана втора по јачина политичка сила со 85 пратеници, додека левичарската коалација Унидос Подемос е трета со освоени 71 мандат. На четвртото место, како и на претходните избори, остана либералната партијата Граѓани (Сиудаданос), која во новиот Парламент ќе има 32 пратеника.

Во текот на предизборната кампања, лидерот на конзервативците Рахој ги уверуваше гласачите да изберат меѓу економската стабилност и колацијата од партии против мерките за штедење на буџетското трошење.

Партијата Подемос е создадена пред две години, врз основа на протестите против владината политика за кратење на потрошувачката и намалување на држаните трошоци.

Лидерот на Подемос, Пабло Иглесиајас, изјави дека неговата партија се залага за реформирање на ЕУ и за промени, но дека не е евроскептична, ниту против Унијата.

Игласијас изрази жалење поради одлуката на Британците да заминат од ЕУ.

– Ние сме за поинаква ЕУ, но за тоа се бориме од внатре, во Унијата, верувајќи во ЕУ и во европеизмот – изјави Иглесијас, отфрлјќи ги обвинувањата во шпанските медиуми дека Подемос ќе покрене иницијатива за референдум за напуштње на Унијата, слично на Велика Британија.

Предвременото гласање уследи по шестмесечната политичка блокада во Шпанија по декемвриските избори, на кои ниту една партија не успеа да освои доволно гласови за самада формира влада, а партиите не успеаја да се договорат околу создавањето владина коалиција.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски