Рахој: Можни се и трети парламентарни избори во Шпанија

Од:

Вршителот на должност шпански премиер Маријано Рахој предупреди денеска дека постои можност, во краток временски период, да се одржат и трети парламентарни избори во Шпанија, бидејќи неговиот политички противник од најголемата опозициска Социјалистичка партија, Педро Санчес одби да го поддржи неговиот предлог за формирање коалициска влада. 

– Ако Санчес продолжи да ја одбива коалицијата, изборите ќе мора да бидат повторени, изјави Рахој, кој се обидува да формира коалиција или малцинска влада, откако на повторените избори минатиот месец ниту една партија не го освои потребното мнозинство во Парламентот.

Санчес денеска го отфрли предлогот на Рахој за формирање „голема коалиција“, која ќе ја преземе власта во земјата и со тоа ќе ја извлече Шпанија од политичката криза во која се наоѓа веќе седум месеци.

Конзервативната партија на Рахој на изборите во јуни освои најмногу гласови, но не и мнозинство во Парламентот и затоа потребна и е поддршка од други партии за да ја преземе власта.

Санчес по средбата со Рахој истакна дека не може да ги поддржи мерките на Народната партија, кои се однесуваат на намалување на износот на социјалната помош и помал буџет за јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски