Рахој: Доколку Велика Британија си замине од ЕУ, си заминува и Шкотска

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека се противи на преговорите за евентуално останување на Шкотска во Европската Унија, откако Велика Британија ја напушти Унијата, јави Танјуг.

– Сакам да бидем јасен: Шкотска нема надлежности потребни за преговори за членство во ЕУ. Шпанија се противи на преговорите со кого било освен со Владата на Обединетото Кралство, изјави денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој на прес-конференцијата, одржана по самитот на европските лидери во Брисел.

Рахој нагласи дека „апсолутно се противи на преговорите“ и додаде дека верува дека сите се согласуваат со него.

– Доколку Велика Британија замине од ЕУ, си заминува и Шкотска, рече Рахој.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски