Радиоактивна вода протече во водовод во Флорида

Од:

Околу 980 милион литри радиоактивна вода продреле до главниот извор за снабдување со вода за пиење во градот Тампа во американсаката сојузна држава Флорида, јави Би-Би-Си.

Според претставник на локалните власти, до инцидентот дошло поради дефект во една фабрика за фосфати во близината на Тампа, од каде истекла радиоактивната вода.

Утврдено е дека водата содржи фосфогис, нуспродукт што настанува при производството на фосфатни ѓубрива, кој е со ниско ниво на радиоактивност.

Компанијата сопственик на фабриката, „Мозаик“ соопшти дека истечената радиоактивна вода „не претставува опасност за населението“.

– Подзмените води се движат многу бавно, се наведува во соопштението на „Мозаик“.

Меѓутоа, директорот на Центарот за биолошки диверзитет. Џеки Лопез вели дека „е тешко да се поверува во пораката дека јавноста не треба да биде загриежна“, особено што инциднетот се случил пред три недели и досега се држел во тајност.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски