Радиоактивен облак над Европа, причината непозната

Од:

Радиоактивниот облак над Европа кој што е забележлив во изминатите седмици наговестува дека дошло до несреќа во нуклеарен објект во Русија или Казахстан во последната недела од септември, соопшти Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН.

ИРСН ја исклучи можноста несреќата да се случила во нуклеарен реактор наведувајќи дека е поверојатно инцидентот да се случил во објект за третнам на нуклеарно гориво или во центар за радиоактивна медицина.

Институтот напоменува дека нема влијание врз човечкото здравје или околината во Европа, пренесува Ројтерс.

Во соопштението на ИРСН се наведува дека не може точно да се одреди локацијата на ослободување на радиоактивнот материјал, но дека според метеролошките податоци станува збор за област јужно планината Урал, помеѓу реките Урал и Волга, односно во Русија или Казахстан.

– Руските власти не известија дека дошло до некаква несреќа на нивна територија, изјави директор на ИРСН; Жан Марк Перес за Ројтерс.

Тој додаде дека институтит се уште не стапил во контакт со казахстанските власти.

Перес наведека во изминатите седмици ИРСН и други институти за нуклеарна безбедност во Европа измериле високо ниво на рутенијум 106, радиоактивен нуклеид кој што настанува со делење на атоми во нуклеарен реактор.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски