Радиото на групата Исламска држава ги прогласи за херои напаѓачите на сатиричниот неделник „Шарли “Ебдо“, при што загинаа 12 луѓе, а 11 се повредени.
– Херои-џихадисти убија 12 новинари и повредија повеќе од 10, кои работеа во „Шарли Ебдо“. Тоа го направија за да го одмаздат пророкот Мухамед, јави радио „Ал Бајан“ на ИД.
ИД контролира големи делови од територијата на Ирак и на Сирија.