Рација во Мадрид против припадници на Исламска држава во Ирак и Левантот

Од:

Шпанската полиција изутринава изврши масовна рација во Мадрид против исламистичките милитантни ќелии и притоа уапси осуммина припадници на групата Исламска држава во Ирак и Лавантот (ИДИЛ).

Тие се обвинети дека регрутирале луѓе за оваа исламистичка група, која војува во Сирија, изминатите неколку години, а сега врши силна офанзива во северен Ирак, освојувајќи неколку градови и заканувајќи се да навлезе и во Багдад.

Водачот на исламистичката ќелија во Мадрид е поранешен затвореник во американаката база Гвантанамо на Куба, кој претходно бил уапсен во Авганистан, но е ослобден во 2005 година. По ослободувањето тој дошол во Европа и се населеил во Шпанија.

Од осуммината уапсени, еден е исламист од Шпанија, еден од Аргентина, а другите шестмина се Мароканци.

Полицијата соопшти дека трага по братот на еден од терористите во бомбашкиот напад врз локалниот воз, извршен во 2004 година во Мадрид.

Шпанската полиција изминатите недели изврши низа рации против ќелиите на разни исламистички групи кои регрутираат „борци“ за милитантните групи, кои војуваат во Либија и во Мали. Вакви рации се извршени во шпанската енклава Мелиља во Северна Африка,  но и низ Шпанија, трагајќи по исламистите поврзани со сунитската групација.

Операциите на шпанската полиција се коордирани со полицииите на другите европски полиции, кои почнаа со апсење на исламистички милитанти кои се подготвуваат или се враќаат во Германија, Франција и Белгија, по војувањето на сирискиот фронт или сега во сунитско-шиитскиот судир во Ирак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски