Рачно изработена бомба експлодира во седиштето на Демократската партија во Фиренца

Од:

Рачно изработена експлозивна направа изминатата ноќ беше активирана во регионалното седиште на Демократеската партија на италијанскиот премиер Матео Ренци во Фиренца, пренесоа француските медиуми.

Во нападот нема повредени.

На зградата се предизвикани полесни оштетувања.

Експлозивната направа била составена од три мали шишиња со гас за кампување, полеани со запаллива течност. Тие биле сокриени во најлонска торба, оставена во внатрешниот двор од зградата. Торбата била запалена од човек, кој веројатно ја прескокнал металната ограда.

Фасадата на зградата е поцрнета, а стаклата на еден од прозорците се стопиле од експлозијата, што се случила во 2 часот по полноќ.

На местото на експлозијата има пожарникари и специјални полициски единици.

Пред да стане премиер на Италија Матео Ренци беше градоначалник на Фиренца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески