Путин во 2008 година сакал да ја подели Украина со Полска?

Од:

Како сензација во Варшава, одекна изјавата на поранешниот шеф на полската дипломатија, Радослав Шикорски дека Владимир Путин во 2008 година и понудил на Полска да ја поделат Украина.

-Тоа беше првото нешто кое Путин го кажа на премиерот Доналд Туск во тек на посетата на Москва. Рече дека Украина е вештачка градба, а Лавов е полски град и зошто заедно да не ја решиме таа работа. Премиерот на тоа не рече ништо, знаеше дека го снимаат- истакна Шикорски.P

Во разговор за американскиот магазин „Политико“, Шикорски кој во тоа време го следел Туск во Москва, како шеф на полската дипломатија, изјави дека Полска дала до знаење дека не сака да има никаква врска со тоа, а американскиот новинар го гледал тоа како потврда дека Русија се обидела да ги оствари своите цели, поигрувајќи се со империјалстичките соништа на Пољаците.

Меѓутоа кога веста за тоа интервју одекна во полските медиуми, тој рече дека интервјуто не било авторизирано и дека американскиот новинар погрешно ги интерпретирал неговите зборови.

-Некои мои зборови беа дезинтерпретирани. Потврдувам дека Полска не учествува во анексии. Потсетувам дека Путин за Украина како вештачка градба јавно зборуваше на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година-порача Шикорски.

Полското Министерство за надворешни работи и премиерката Ева Копач, не сакаат да коментираат се додека не погледнат што точно пишува во таа статија, додека советникот на послскиот претседател Броњислав Коморовски, Томаш Наленч изјави дека е изненаден и дека просто не верува дека Путин навистина го рекол тоа.

-Имам доволно бујна фантазија и можам да замислам дека Путин се шегувал, но не можам да поверувам дека таа изјава не е искористена тогаш и дека поранешниот шеф на дипломатијата ја откри дури сега. Звучи премногу сензационалистички за да биде вистинито -истакна Наленч.

Тој предупреди дека доколку изјавата е точна, Шикорски се ставил во многу незгодна и тешка ситуација, но и не мисли дека тој доброволно ја дал изјаватаза американскиот магазин и сам си ставил врвка околу вратот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва