Путин: Властите во Киев се организирана криминална група

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денес посети еден од командните центри на Западната група, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

На командното место, претседателот слушна детални извештаи за ситуацијата во различни насоки, вклучително и околу Купјанск и во Константиновка.

Путин истакна дека сите задачи поставени на претходниот состанок со воените претставници се исполнети.

Путин одржа состанок со началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Главната оперативна дирекција и командантите на Западната и Јужната група.

Властите во Киев се организирана криминална група која ја узурпирала власта, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на Западната команда.

„Веќе разбираме што е политичко раководство на Украина. Тоа повеќе не е никакво политичко раководство“, рече Путин за време на посетата на едно од командните места на Западната група.

Претставниците на режимот во Киев „седат на меки душеци“ и не размислуваат за судбината на Украина.

Сепак, како што истакна рускиот лидер, целите на специјалната воена операција сигурно ќе бидат постигнати.

Би можело да ве интересира

САД објаснија како Русија ги надмудрила во Иран

Горан Наумовски

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Путин му порача на Иран: Русија е со вас

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Картаполов: Зеленски не е воена цел, ни треба жив

Горан Наумовски