Путин тврди дека е „подготвен да работи понатаму“ со Западот на европската безбедност за да се деескалираат тензиите

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е подготвен да продолжи да работи со Западот на безбедносните прашања за да се деескалираат тензиите околу Украина.

– Подготвени сме да работиме понатаму заедно. Подготвени сме да одиме по патеката на преговорите, нагласи Путин на прес-конференција по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва.

Путин нагласи дека Русија не сака војна откако западните престолнини ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на Украина со планови за инвазија.

„Дали го сакаме ова или не? Се разбира – не. Токму затоа и дадовме предлози за процес на преговори“, рече Путин на прес-конференција по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната