Путин: Сирија не планира војна со Израел, за Дамаск е поважно зачувување на државата

Од:

Сирија нема потреба од војна со Израел, бидејќи најважна задача на Дамаск сега е да ја зачува сопствената држава, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува ТАСС.

Нетанјаху се наоѓа во посета на Русија со цел да разговара со рускиот врв околу сложената ситуација на Блискиот Исток.

– Што се однесува до ракетните напади врз територија на Израел, ние сме запознаени со тоа и ги осудуваме тие напади. Колку што сум запознаен, станува збор за напади од рачно изработени ракетни системи, истакна Путин.

Во однос на Сирија, ние тоа го знаеме и разбираме, дека сириската армија и Сирија како целина, е во таква состојба што нема потреба од отворање на втор фронт. За неа е поважно зачувување на сопствената држава, истакна рускиот претседател, додавајќи дека ја разбира загриженоста на Израел.

Путин, исто така, нагласи дека политиката на Русија на Блискиот Исток секогаш била отворена.

– Во Израел живеат голем број имигранти од поранешниот Советски сојуз, тоа остава особен белег на нашите меѓудржавни односи, и сите дејствија на Русија во регионот ќе бидат одговорни.

Нетанјаху призна дека пристигнал во посета на Москва поради загриженоста поради влошената состојба во регионот.

– Израел и Русија имаат заднички интереси, гарантирање на стабилноста на Блискиот Исток. Тука сум поради зложената состојба во сферата на безбедноста, што станува уште посложена, истакна израелскиот премиер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел