Путин: Се надевам дека на Западот ќе преовладее здравиот разум

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави денеска дека се надева оти на Западот ќе преовладее здравиот разум во врска со можноста за воведување дополнителни санкции против Русија.

– Се надевам дека ќе преовладее здравиот разум и дека ќе работиме на нормален, модерен начин и дека и ниту ние, ниту нашите партнери нема да ги сносиме трошоците на меѓусебните несогласувања, рече рускиот претседател.

Лидерите на Европската унија побараа во саботата од своите служби итно да ги подготват можните нови санкции кон Русија, поради нејзината вмешаност во судирите во Украина.

Лидерите од ЕУ побараа од Европската комисија и дипломатските служби на Унијата да работат заедно за „итно да се преземат подготвителни активности“  за новите санкции, по обвинението дека Русија испратила свои војници на територијата на Украина.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он