Путин се надева на продолжување на дијалогот со Трамп

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека се надева на понатамошен дијалог со американскиот колега Доналд Трамп, откако двата лидери првпат се сретнаа на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург.

– Ако дијалогот треба да се продолжи… во хуманитарна смисла, постои можност за надеж дека дијалогот ќе се развива понатаму, посочи Путин.

Тој и ја пофали способноста на Трамп „да слуша“.

– Тој реагира на соговорникот, на аргументите, вклучен е во дискусијата дури и ако нешто не му се допаѓа или не се согласува со нешто, тој поставува прашања, реагира на размислувањето на соговорникот, посочи рускиот претседател.

Путин додаде и дека верува оти во Хамбург воспоставил личен однос со американскиот претседател.

– Трамп на телевизија е многу поинаков од реалната индивидуа, истакна Путин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски