Путин сакал Сноуден да биде руски таен агент?

Од:

Британската новинарка и уредничка на „Викиликс“, Сара Харисон изјави дека Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) наводно се обидела да го врбува поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност НСА, Едвард Сноуден, но дека тој ја одбил понудата.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“, Харисон на авторите на еден германски документарец им рекла дека ФСБ го контактирал Сноуден за време на престојот во транзитната зона на московскиот аеродром „Шереметјево“ во 2013 година.

Во тој период Сноуден не можеше да влезе во Русија или да замине подалеку, бидејќи американските власти го уништија неговиот пасош и бараа негово приведување поради обелоденување на тајни документи.

Според наводите на Харисон ФСБ го прашала само еднаш, а тој на Русите не им дал ништо.

Инаку „Асошиејтед прес“ наведува дека ФСБ не одговорил на нејзиното барање за коментар.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски