Путин: Русија нема да поддржи санкции против сириската Влада

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија нема да ја поддржи предлог-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за санкции против сириската Влада поради наводна употреба на хемиско оружје.

Советот за безбедност вечерва ќе гласа за резолуција предложена од Франција, Велика Британија и САД за забрана за продажба на хеликоптери на сириските власти и воведување санкции за команданти на сириската војска.

– Сметам дека тоа е целосно несоодветно. Тоа ќе ја поткопа довербата во преговарачкиот процес. Русија нема да поддржи никакви нови санкции против сириското раководство, истакна Путин.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија