Путин панично бара упориште и на Балканот

Од:

Освојувањето на Путин на Крим, обидот за спречување на Украина да влезе во западните сојузи како и провоцирањето на воени судири на истокот на земјата не се добри потези. Русија на овој начин ги губи добрите и потребни односи со оваа соседна земја веројатно на подолго време. Посебно затоа што тие односи се тешко нарушени во времето на сталинизмот и ќе треба долго време да се поправат, а со добра волја и без алчност. А основното правило на надворешната политика во сите времиња налагаше посебно добри односи со соседите. 

Путин против САД, ЕУ и НАТО пактот

Само со руското вмешување засилени се меѓународните тензии, а Украина не сакаше да се покори на диктатот. Ревитализацијата на големината на Русија не може да биде ни успешна нити пак е потребна. Русија и денес е многу голема и богата и не и требаат други територии, посебно не на сила. Нема да постигне доволно моќ за конфронтирање ни преку Евроазиската унија со Казахстан и Белорусија. И Путин мора да знае дека тоа не може да биде контратежа на САД, ЕУ и НАТО пактот.

Русија на Кина може да смета како на трговски партнер, но повеќе не. Кина е голема и моќна сила, а и самата се вовлече во проблеми во Јужното Кинеско Море кое се обидува да го присвои. Поради тоа може да има проблеми со САД, Јапонија, а можеби и со целиот пацифички регион. Путин речиси панично и погрешно бара упориште и на Балканот и тоа со Додик кој веќе сега речиси никого не претставува и кој може да му биде само промашување.

Во лоша состојба која Додик самиот ја создаде, ништо нема да постигне со галама и вулгарности. А идните избори најверојатно ќе го принудат да сфати во што се вмеша. Тешко дека на некого ќе биде потребен. Бидејќи посебно на Балканот можно е да се направат многу работи па и да се купуваат гласачи, но кога ќе снема пари, со што? А без пари ќе нема ни моќ. Најдобро за Путин ќе биде да го остави Балканот бидејќи таму не може да стигне, директно би се судрил со НАТО пактот. Балканот е специфичен. Многу од неговите народи зборуваат речиси на ист јазик, но културно па и политички се развиваа во различни амбиенти и тоа е основната причина за распадот на Југославија во два наврати. Тие распади укажаа на неможноста за насилна унификација на различните менталитети.

Реприза на кубанската криза

Дали Путин мисли дека може да направи реприза на кубанската криза? Тоа би било лудо. Во заканите на Додик дека ќе ја одвои Република Српска и ќе ја припои кон Србија, толку пати искажани пред изборите, малкумина се тие кои се уште веруваат во тоа бидејќи не знаат дека Додик блефираше и дека и самиот е свесен дека тоа е невозможно. Знаеме како е создаден српскиот ентитет и потврден од западните сили во Дејтон како привремено решение, но западните политичари ја разбраа суштината и уште еднаш се покажа дека малкумина знаат каков е британскиот менталитет.

Дејтонскиот состанок повеќе личеше на коцкарска маса отколку на дипломатска расправа. За да се направи нормална држава од Босна и Херцеговина мора да се елиминираат омразата и подбуцнувањето. По толку несреќи мора да се почне со дијалог. Конечно, народите во Босна и Херцеговина според обичаите, менталитетот, без оглед на верската разлика, многу се поблиски едни на други отколку со некого од страна.

Се покажа дека меѓунационалните односи не можат да ги доведат на прифатливо ниво постоечките политиканти кои длабоко се вмешани во корупција и криминал. Тоа ќе можат само нови млади сили кои брилијантно покажаа солидарност во страшните поплави и тоа без оглед на верата или нацијата. Помагаа на сите на кои им беше потребна нивна помош. Тоа е вистински квалитет кој ни треба. Од друга страна слушајќи го патријархот Иринеј, странците кои не го познаваат нашето минато, можат да поверуваат во неговата лага дека БиХ со Србија била една држава.

Тие кои ја познаваат историјата на Балканот знаат дека самопрогласениот цар Душан го запоседнал Бобовац, главната тврдина и дворот на босанските владетели, но без успех. Сигурно дека тој пропаднат обид за освојување не е преименуван во нешто што никогаш не се случило. Работите тука можат да се решаваат само чекор по чекор во корист на сите. Секоја страна мора да придонесе за успех на преговорите. Спротивно од тоа се катастрофи.

Тешко дека Путин може да смета на Србија и на Црна Гора, како на мостобрани. Објективните набљудувачи мислат дека Србија нема да може да седи на две столици, а истовремено да биде неутрална кон ЕУ. Кога би било можно би ги поделила интересите меѓу Русија која не сака Србија да влезе во НАТО пактот, а истовремено да се приклучи кон ЕУ, каде разумните Срби ја гледаат иднината за Србија.

Мешање на црквата во политиката

Од врвот на Српската православна црква на Србија нема да и биде лесно. Нема да има проблеми само ако црквата ја секуларизираат и да не дозволат мешање на нејзиниот врв во политиката без никаква одговорност. Не постои никаква пречка СПЦ да комуницира со Руската или која било црква, но за жал некои сакаат иста моќ каква врвот на црквата ја имал во минатото, пред векови кога тоа било оправдано. Сега таквите претензии стануваат се поголема пречка на државата.

Се наметнува и прашањето со оправдано предупредување како довчерашните тврди националисти во Србија одеднаш станаа големи демократи. Можеби мислат дека ќе можат да го „превеслаат“ западниот свет? Малку е веројатно. Александар Вучиќ е попрактичен од Николиќ кој ни вербално не може да се откачи од своето минато, што се гледа од неговите изјави, како на пример дека Вуковар е српски град. Не можеме да знаеме што може да се случи на крајот, но како што сега стојат работите Путин не може да смета на Србија во својата антизападна кампања.

Целиот Балкан е опкружен со НАТО пактот па нејасно е како тоа би можело да се изведе без голема криза слична на кубанската. Можат ли тврдите националисти со некој бунт и пресврт да го изменат својот статус. Меѓутоа, тоа е малку веројатно, бидејќи сите мора да знаат дека таквите драстични мерки влечат големи последици. Па кога Путин би успеал, што би било понатаму со Србија? Би го поткопувал Балканот со помош на екстремисти, би правел пречки на западот? Тешко дека во тоа би имал поголем успех. Така на екстремистите им останува да се молат на Бога, макар лажно како што се и навикнати.

Србија од секогаш се наоѓа меѓу православна Русија и западот. Русија која економски заостануваше не можеше многу да пружи, додека западот беше индустриски развиен со висок стандард, банкарство, морепловство, посебно со воените флоти кога се граделе воени бродови и подморници. Застарената руска флота практично ја уништија Јапонците, а Јапонија по битките кај Цушиме се сврсти меѓу големите поморски сили. Светскиот распоред на воените сили значително се измени.

И Зоран Ѓинѓиќ сметаше на Западот

Српскиот крал Александар Обреновиќ во тоа време го вртел погледот кон Австрија, во надеж дека со нејзина помош економски ќе ја подигне Србија. Но заговорниците, не без влијание од врвот на православната црква исковале заговор со основното тврдење дека Драга Машин е од понизок граѓански род и дека не може да биде српска кралица. А заговорниците наводно биле аристократи. Ги убиле на ѕверски начин и ги фрлиле на улица изживувајќи се на нивните мртви тела. Во позадина на заговорот постоеше спротивставување на надворешната политика на Обреновиќ кон Австрија и на Запад, а не на Драга Машин.

Заговорниците го доведоа на власт Петар Караѓорѓевиќ, поборник на сојуз со православна Русија. Апис кој бил на чело на заговорот во Солун по наредба на Александар Караѓорѓевиќ бил осуден на смрт и стрелан. Апис можел да биде виновен за многу други работи, но Александар, како што изјавувале некои сведоци, со помош на Никола Пашиќ го сместил Апис во божемен заговор. Прво, наводно Пашиќ на измама го навел Ѓорѓе да се откаже од престолот, а потоа се обидел да го приврзе покрај себе неговиот брат Александар. Според едно сведоштво наводно еднаш на сила влегол во домот на Апис и барал стариот Петар нешто да потпише, но кога овој се двоумел, Апис му се развикал: Мораш џукело, ние те донесовме тука. Александар тоа го слушнал позади вратата, го запамтил и веројатно и за тоа се одмаздил на Апис.

Интересно е дека по сто години беше убиен од заседа тогашниот претседател на владата на Србија Зоран Ѓинѓиќ со сличен мотив како Александар Обреновиќ бидејќи и тој сметал на западот и таму го гледал излезот за Србија.

Дневни аваз – Сараево

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски