Путин: Отпишувањето на долгот на Куба е одраз на меѓусебните стратешки односи

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека одлуката на Русија да отпише над 30 милијарди долари долг кон Куба претставува одраз на природата на билатералните односи на двете земји, јави ИТАР-ТАСС.

– Овој чекор без преседан, исто така, сведочи за стратешката природа на нашите билатерални односи, изјави Путин во интервју пред денешната посета на Куба.

Два дена пред неговата посета, Горниот дом на рускиот Парламент го ратификува минатогодишниот договор со кој на Куба се отпишуваат 90 проценти од долгот, што вкупно изнесува 35,2 милијарди долари. Путин во рамките на својата латиноамериканска турнеја ќе ги посети и Бразил и Аргентина.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија