Путин одобри војската да може да употребува нуклеарно оружје

Од:

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор на напад што би вклучувал само конвенционално оружје.

Русија може да преземе таква акција ако почетниот напад претставува потенцијална закана на опстанокот на државата, според уредбата објавена на интернет-страницата на Кремљ.

Својот нуклеарен арсенал Русија може да го употреби и како одговор на напад на сојузник ако таков напад вклучува оружје за масовно уништување, стои во уредбата.

Путин, според извршната уредба, го задржува правото како претседател да донесе конечна одлука за употребата на нуклеарно оружје.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски